Репрезентацијата на Франција направи уште еден чекор кон пласман на Олимписките игри во Токио откако во 2. коло од квалификацискиот турнир кој се игра во Монпелје го совлада Тунис со 40:29.
Франција уште од почетоткот го диктираше темпото, поведе со 5:2, а веќе во 14. минута беше 11:6. До крајот на првиот дел Тунис немаше сили за поголем отпор и Французите без проблеми одбезбедија високо водство од 21:13.
И во второто полувреме Франција продолжи да го полни голот на Тунис, погодуваа од сите позиции и сите ракометари кои добија шанса се запишаа во листата на стрелците, освен Клер. До крајот одиграа рутински за втора победа после триумфот над Хрватска.
Најефикасен во составот на Франција беше Уго Деска со шест погодоци додека Ричардсон и Турна погодија по петпати. Винсент Жерард имаше 11 интервенции. Во репрезентацијата на Тунис најмногу се истакна Исам Рзиг со шест гола.