Деспина сигурна на свој терен, Конеска водеше до три бода против Гевгелија

Екипата на Деспина од Прилеп сосема очекувано славеше на домашен терен на дуелот против Гевгелија со 23:18 во првиот дуел од пролетниот дел од сезоната во Супер женската лига.

Домашните имаа целосна контрола на средбата, а предводени од искусната Мери Конеска немаа никаков проблем за да се изборат за победата.

Уште во првиот дел од средбата обезбедија висока предност од четири гола така што ова беше и повеќе од доволно за да може да се дојде до резултат каков што се посакува. Имаа 11:7 на крајот од првото полувреме, па потоа беше само прашање колку ќе биде разликата на крајот.

Сепак, во вториот дел разликата постојано беше 5-6 гола и се играше мирно така што можеше мирно да се приведе кон крај овој натпревар. Во ниту еден момент немаше дилема кој победува, па Деспина можеше да се израдува на бодови на стартот на вториот дел од сезоната.

ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА               23:18 (11:7)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Боризоска, Гулеска 1, Рипилоска 1, Камческа 3, Цветкоска 1, Спиркоска, Димитрова, Богеска 1, Цаневска 4, Седлоска 3, Димоска, Миноска, Аризанова, Конеска 9.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 8 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Горковска, Басова, Шутева 5, Јанчева 1, Митревска 6, Димова, Живковска, Динева, Петрова, Петковска, Танева, Митрова 6.

Седмерци: 2/3,  Исклучувања: 14 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207