Репрезентацијата на Норвешка ја забележа првата победа во квалификациите за Олимписките игри во Токио во рамки на групата 1. Норвежаните убедливо го совладаа Бразил со 32:20.
Почетокот на мечот им припадна на избраниците на Кристијан Берге, поведоа со 4:1, а Бразилците првиот гол го потигнаа во 5. минута. Сепак Бразил не се предаваше и во 15. минута Боргес погоди за израмнување на 9:9.
Норвешка го подигна нивото на игра и до крајот на првото полувреме обезбеди добра предност пред продолжението. После 30 минути игра беше 17:12. Во вториот дел фаворитот одигра колку што беше потребно и покажа дека е поквалитетен противник за висока победа од 12 гола разлика.
Предводник на репрезенацијата на Норвешка уште еднаш беше Сандер Сагосен кој постигна седум гола, а Бјорнсен и Јондал погодија по петпати. Во тимот на Бразил, Лангаро беше прв стрелец со четири гола, додека три постигна Родригез.