Светските обложувалници предвреме ја „прежалија“ Македонија и ја прогласија Данска за огромен фаворит.
Веројатно и поголем дел од јавноста мислеше така, но Кире Лазаров и неговите момци ги убедија во спротивното.
Обложувалници нудеа коефициент од 8.75 па се до 15.00 за триумф и сензација на Македонија, а токму тоа се случи.
Кој бил храбар и „играл“ на македонска победа, сега може да биде задоволен од добивката.