Димитриоски отпадна од комбинација за двомечот со Данска

Левото крило Димитар Димитриоски нема да биде во конкуренција за двомечот со светскиот првак Данска.

Тој се пожали на болки во коленото уште на неделниот тренинг на националниот тим и стручниот штаб одлучи тој да биде поштеден за да не дојде до сериозна повреда.

Селекторот Кире Лазаров на левата крилна позиција ги има на располагање Дејан Манасков и Цветан Кузманоски.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Данска се игра вечерва со почеток во 20:00 часот, додека реваншот е во Алборг на 14 март од 16:00 часот.