Новиот селектор Кире Лазаров во средата без одигран натпревар ги заврши обврските со Нант пред стартот на ЕХФ неделата.
Од вчера тој е во Македонија, а денешниот ден пред утрешниот собир на националниот тим го искористи да следи суперлигашки ракомет.
Тој заедно со директорот на националниот тим Левче Китевски се наоѓа на трибините во салата „Македонско Сонце“.
Таму тимот на Пролет игра со тимот на Металург, а Лазаров има можност во живо да се увери во квалитетите на актуелните и потенцијалните репрезентативци од овие два клуба.
Македонија ја чека двомеч со светскиот првак Данска во рамките на квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.