Ракометарите вторпат се загреваа, ЕХФ го откажа натпреварот

Откако пред триесетина минути беше објавено дека Веспрем и Нант ќе се појават на терен и ќе го одиграат натпреварот со два часа задоцнување и со судии од Унгарија, место почеток на средбата беше досуден крај.

Европската ракометна федерација го откажа натпреварот и сега и едниот и другиот тим не се задоволни од епилогот бидејќи победникот ќе треба да биде одлучен на зелената маса, а никој не е виновен од тимовите за неиграњето.

Судбината на оваа средба веројатно ќе биде позната во текот на утрешниот ден кога би требало да биде јасно кој тим колку бодови ќе добие. Дефинитивно ситуација каква што немало досега и ситуација за која ќе биде тешко да се најде најдоброто решение.