Мешков Брест со Санталов, но без Јуринок против Вардар

Ракометарите на Вардар ги очекува последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Мешков Брест.

Белорускиот шампион против Вардар ќе игра без еден од главните ракометари на екипата, Андреј Јуринок. Поради настинка, Јуринок нема да може да игра во Скопје.

Покрај левото крило, тренерот Раул Алонсо, нема да смета ниту на Александар Шкуринскиј, кој продолжува да се опоравува од повредата. Освен овие двајца ракометари, останатите ќе играат во Скопје, а меѓу нив и несудениот вардарец, Дмитри Санталов.

Белорускиот тим во А групата се наоѓа на 4. позиција со 13 освоени бодови и не може ниту подолу, ниту погоре на табелата. Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ во 18:45 часот.