Светската куќа на ракометот денеска стави крај на гласините дека една група ќе остане со три репрезентации од квалификациите во женска конкуренција за Олимписките игри во Токио.
После откажувањето на Кина од квалификациите дојде до префрлање на Казахстан од Групата 3 во Групата 2. Местото требаше да го заземе репрезентација од Азија, но Хонг Конг одби да игра, додека Тајланд не се изјасни воопшто. Затоа третата група сега остана со само три учесници кои ќе се борат за две места.
Оттаму селекциите кои се во Групата А останаа истите. Групата која ќе се игра во Шпанија останува со домаќинот, Шведска, Сенегал и Аргентина.
Групата Б сега го доби Казахстан место Кина, а таму се домаќинот Унгарија, Србија и Русија.
Групата Ц која ќе се игра во Црна Гора остана со три земји учеснички, па покрај домашната селекција тука се и Норвешка и Романија.
Од трите групи пласман на Олимписките игри ќе обезбедат по две репрезентации, а досега место на Олимпијадата во Токио имаат Јапонија (домаќин), Франција (европски првак) Холандија (светски шампион), Бразил (Јужна Америка), Јужна Кореја (Азија) и Ангола (Африка).