Првиот човек на Ракометната федерација на Египет, Хишам Наср, е дисквалификуван од страна на ИХФ поради кршење на портоколите за Ковид 19 за време на Светското првенство одржано во текот на месец јануари во нивната земја.
Оваа одлука ја донесе дисциплинската комисија на ИХФ, а како главна причина се наведува неодговорноста за време на еден голем светски настан. Извештаите на федерацијата покажуваат дека претседателот на ракометната федерација неколкупати го напуштил објектот каде беа сместени делегациите, ракометарите и целата организациска екипа и остварувал надворешни контакти.
Дисциплинската комисија одлуката ја донесе по завршувањето на Светското првенство бидејќи не сакала да има непријатности за организаторот и домаќин. Неговите овластувања во ракометната куќа на Египет се суспендирани до следниот конгрес на федерацијата.
Пред почетокот на Светското првенство, Хишам Наср, доби продолжување на својот мандат за уште шест месеци.