„Скандалозна е одлуката на ЕХФ – зошто ние да одиме во Кил, а тие да не одат во Запорожје?“

Ракометарите на Алборг имаа солидни партии во Лигата на шампионите. Данскиот шампион моментално се наоѓа на третото место во Б групата со 12 освоени бодови.

Од раководството на клубот се гневни поради новите правила од страна на ЕХФ. Германскиот и актуелен европски шампион Кил нема да патува во Украина поради ковид портоколите, а поради тоа натпреварот службено ќе го добие украинскиот претставник.

Од Алборг сметат дека ваквите откажувања можат да донесат многу промени на табелата бидејќи неколку екипи се изедначени со бодовите и ја сметаат одлуката на ЕХФ скандалозна.

„Не видов никаква причина зошто одиме во Кил, а Кил не оди во Запорожје. На крајот, тоа може да има огромно влијание врз нашата позиција во групата. Ова е скандалозна одлука на ЕХФ”, вели тренерот на Алборг, Стефан Мадсен.

Денес Алборг игра против Кил во Лигата на шампионите. До крајот на групната фаза, Алборг, го очекуваат уште два дуели, против Целје и Мотор.