Ковид 19 уште прави проблеми – ИХФ откажа неколку првенства, ќе се одигра само Мундијалот за сениорки

Светската куќа на ракометот одлучи да ги откаже речиси сите натпреварувања кои се планирани за оваа година, па веќе е јасно дека освен женскиот сениорски Мундијал кој се игра во декември во Шпанија друго натпреварување нема да има.

Во текот на летото беа планирани неколку настани, но ниту еден од нив нема да се одржи. Целосно откажани се Мундијалите за јуниори и кадети и шампионатот на песок, додека два шампионати се одложени.

Сето ова е поради ситуацијата низ светот со Ковид 19. Со оглед на тоа што не се поправа ништо и пандемијата е уште активна не постои можност за одржување на шампионатите, па тие се одложени. Сепак, сениорскиот шампионат ќе биде одржан во предвидениот термин во декември, но јасно е дека ќе биде под посебни протоколи.

НАТПРЕВАРУВАЊА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИХФ

СП за сениорки – Шпанија 1 – 19 декември 2021 (ЌЕ СЕ ОДРЖИ)

СП во ракомет на песок – Италија 30 јуни – 5 јули 2020 (ОТКАЖАНО)

СП за јуниори (У21) – Унгарија 22 јуни – 4 јули 2021 (ОТКАЖАНО)

СП за кадети (У19) – Грција 2-15 август 2021 (ОТКАЖАНО)

СП за јуниори (У20) – Романија 1-13 јули 2020 (ОТКАЖАНО)

СП за кадетки (У18) – Хрватска, 18-30 август 2020 (ОТКАЖАНО)

СП во ракомет на песок за кадети (мажи/жени) – Португалија (ОДЛОЖЕНО ЗА 2021)

СП за нации во развој (ОДЛОЖЕНО НА НЕОДРЕДЕНО)