Тимот на Амичитија Цирих каде што настапува македонскиот репрезнтативец Мартин Поповски имаше убава шанса да стигне до нов триумф во швајцарскиот шампионат.
На домашен терен, Цирих водеше со 32-31 во последната минута, но прими гол во финишот и Сент Гален си заминува со бод.
Поповски беше меѓу најдобрите стрелци на овој натпревар и успеа да постигне пет гола од шест обиди.
Цирих останува на претпоследното место на табелата со пет освоени бодови и ќе го чека тешка битка за обезбедување опстанок во швајцарскиот шампионат.