ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Пешевски доби соиграч од Нант, екс член на Металург останува во Катар

  • Најдобриот стрелец во Бундес лигата мината сезона, Бјарки Мар Елисон, останува во тимот на Лемго и следната година. Исландското лево крило го продолжи договорот за уште една сезона.
  • Десното крило од Данска, Себастијан Аугустенсен, од наредната сезона ќе игра во Бундес лигата. Членот на Нант, кој втора сезона игра заедно со Кире Лазаров, од лето ќе биде соиграч со Жарко Пешевски во Штутгарт, со кој потпиша двегодишен договор.
  • Шпанскиот репрезентативен пикер, Адриан Фигуерас, кој ја игра првата сезона во Нант, од лето ќе биде член на Шарт предводен од шпанскиот стратег Тони Херона. Се обврза на двегодишна верност.
  • Шпанската репрезентативка Нереа Пена го напушта данскиот Есбјерг и во следните две сеозни ќе биде дел од норвешкиот првак Вајперс Кристијансанд. Претходно Пена долги години играше во Унгарија, во тимотвите на Ференцварош и Шиофок.
  • Дансиот Оденсе го продолжи договорот со капитенот Камила Ларсен за следната сезона, а ќе ги засили своите редови со норвешкиот пикер Марен Ардал, која настапува за романската Валчеа.
  • Некогашниот лев бек на Металург, Немања Младеновиќ, го продолжи договорот со катарскиот Ал Ахли за три сезони. Покрај за Металург, Младеновиќ играше за Гумерсбах, Сесон Рен, Констанца и Спортинг Лисабон.
  • 26-годишната чешка репрезентативка Вероника Мала заминува од составот на Париз и во следната сезона ќе игра за германскиот тим Битигхајм. Мала се враќа во Германија, каде претходно играше за Олденбург.