Во драматичен финиш Тиквеш славеше над Пролет

Тимот на Тиквеш славеше минимално над составот на Пролет со 28-27 во пријателски натпревар одигран во Кавадарци.

Пролет одлично го стартуваше натпреварот и уште во раната фаза поведе со 1-5. Избраниците на Горан Андоновски се разбудија и одиграа нешто подобро до крајот на полувремето, но гостите сепак стигнаа заминаа на одмор со предност од 13-15.

Второто полувреме донесе израмнет ракомет до самиот крај. При 27-27, Пролет имаше напад за победа, но не само што не го искористи, туку прими гол од полуконтра за водство на Тиквеш од 28-27.

Гостите не го искористија ниту последниот напад и победата остана за кавадарчани. Пролет и Тиквеш ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, в петок во салата „Македонско Сонце“ во Скопје.