Ракометарот на тимот на Гуиф, кој пред неколку дена беше објавен како потенцијално засилување за Вардар, Ерик Персон очигледно нема да биде дел од трансфер во редовите на шампионот на Македонија бидејќи ја продолжи соработката со тимот од Шведска.
Персон е млад ракометар, кој клубот очигледно не сака лесно да го ослободи и затоа побрза да му даде нов договор и тој ќе остане дел од екипата на Гуиф и во следните две сезони.
Со ова се става крај на надежта дека Персон би можел да пристигне во Скопје и тој останува дел од екипата на Ескилстуна Гуиф.
„Одбрав да ја продолжам кариерата во редовите на Гуиф бидејќи сметам дека тоа е најдоброто за мене во моментов. Стекнав доверба кај тренерот, кој ме натера да направам брзи чекори напред и да се движам во вистинска насока како играч така што не се мислев многу околу тоа што ќе правам понатаму во кариерата“, изјавува Персон.
Ова значи дека тој до летото во 2023 година е играч на Есксилстуна Гуиф и доколку Вардар би го сакал во своите редови ќе мора да плати обесштетување.