Швеѓаните загрижени – дали ќе се играат квалификациите за ОИ?

Репрезентацијата на Шведска постигна голем успех со освојување на сребрениот медал на Светското првенство во Египет. Следен предизвик за скандинавската селекција се олимписките квалификации.

Откако минатата година турнирот за пласман на Олимпијадата во Токио кој беше закажан за април беше одложен за годинава, сега повторно одржувањето е неизвесно. Причина за тоа е повторно коронавирусот бидејќи многу европски земји водедуваат ограничувања.

Претседателот на репрезентацијата на Шведска, Фредерик Рап е загрижен за одржувањето на турнирот и смета дека би било голема штета доколку не се одигра.

„Одигрувањето на квалифкицискиот турнир е многу неизвесно. Тоа зависи од ограничувањата за влез. Разговарав со Норвежаните и тие се многу загрижени, кај нив треба да гостуваат репрезентации од Азија и Јужна Америка. Во овој момент тешко дека ќе добијат дозвола за влез во земјата. Ние сме една од репрезентациите која е најмалку погодена од оваа ситуација и доколку обезбедиме пласман според ранкинг нашите репрезентации во машка и женска конкуренција се подготвени за настап на турнирот“, рече Рап.

Сè уште е неизвесно какви ќе бидат протоколите во земјите организатори на квалификациските турнири за пласман на Олимпијадата и дали тие ќе се одиграат во предвидениот термин.