Металурзи тренираа во домот на „мечките“ (ФОТО)

Ракометарите на Металург вечерва ќе го одиграат заостанатиот натпревар од Лигата на Европа против рускиот првак Чеховски Медведи.

Поради тоа што пристигнаа доцна синоќа во Чехов, металурзи тренираа утринава во салата „Олимпијскиј“.

Тренерот Оливер Димитриоски ќе може да смета само на 11 ракометари за овој натпревар поради ковид и повреди кај дел од играчите.

Натпреварот меѓу „мечките“ и Металург се игра вечерва со почеток во 18:00 часот.