Како му се смени животот на Мвумби по Мундијалот (ФОТО)

Данска е старо-нов светски првак, Микел Хансен е најкорисен играч на првенството…но сепак не беа данските репрезентативци најпопуларните во Египет.

Таа привилегија ја имаше конгоанскиот репрезентативец Готје Мвумби, чиј живот повеќе не е ист по Мундијалот.

Насловни страни, многу интервјуа низ електронските медиуми, голем број следбеници на социјалните мрежи, гостувања на ТВ…

„Во животот никогаш не сум ни сонувал дека ќе играм на Мундијал. Кога си таму треба да го дадеш најдоброто од себе затоа што не знаеш дали повторно некогаш ќе имаш можност да заиграш, треба да уживате во тие моменти“, изјави Мвумби.

Тој постигна 23 погодоци од 27 обиди на Мундијалот во Египет, иако не минуваше многу време на теренот. Потерата по него веќе започна, а трката ја поведоа француските клубови од најсилната конкуренција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gauthiermvumbi