Ракометарите на Вардар утре ги очекува првиот натпревар од пролетниот дел од Лигата на шампионите.
Ривал е португалскиот првак Порто, кој успеа да им откине бод во Скопје на „црвено-црните“. Вардарци денеска пристигнаа во Порто и веќе одржаа тренинг во „Драгао Арена“ каде што утре ќе се игра натпреварот од 20:45 часот.
Во ростерот ќе бидат истите ракометари што играа на натпреварот со Нексе од СЕХА лигата, а во Скопје останаа Мишевски, Кантегрел, Карапалевски и Дисингер.
Избраниците на Стевче Алушовски, поради ковид-одложувањата одиграа најмалку дуели од елитното натпреварување од сите екипи – само пет, па сега ги чека пеколен распоред.
По Порто, следуваат уште две гостински средби против Фленсбург и ПСЖ.