Најновото засилување на Вардар, левиот бек Васко Шеваљевиќ, дебитираше за македонскиот првак. Тој е во рсотерот на вардарци за дуелот од СЕХА со хрватскиот Нексе и доби шанса за настап во првиот дел.
Успеа да подели една асистенција, имаше еден обид кон голот на гостите, но не реализираше. Би требало да биде во составот на Вардар за гостувањето кај Порто во Лигата на шампионите.
Капитенот на црногорската репрезентација потпиша договор на година и пол со „црвено-црните“. Покрај Шеваљевиќ, во Вардар од лето би требало да дојдат и Хрватот Анте Кудуз и Србинот Дарко Ѓукиќ.