Тимот на Голден Арт КЛ7 ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во кој ќе се бори за опстанок во елитното друштво.
Новиот тренер Игор Котевски, кој дојде на местото на Андон Бошковски, го одржа првиот тренинг и се запозна со играчите на кои ќе смета во претстојниот период.
Од екипата што играше во есенскиот дел, замина левиот бек Никола Цветаноски, кој се врати во матичната Струга.
Голден Арт КЛ7 напролет ќе биде домаќин во СЦ „Јане Сандански“ наместо во СЦ „Борис Трајковски“ како што беше случај досега.
Ривали за опстанок во Суперлигата на ГА КЛ7 ќе му бидат Тиквеш, Прилеп, Работнички, Радовиш, Младост Богданци, Астраион и Јуниор Кисела Вода.