Хрватските репрезентативки се уште ја чекаат премијата од ЕП

Репрезентативките на Хрватска се уште ја чекаат премијата од последното Европско првенство на кое завршија на третото место и беа вистинска сензација во текот на целото првенството.

Од Ракометната федерација на Хрватска информираат дека ситуацијата поради која репрезентативките немаат пари на своите банкарски сметки се протоколските работи.

Челниците на федерацијата истакнаа дека прво треба да биде одлучено колку ќе изнесува наградата, па потоа ќе бидат наградени сите, од ракометарки па се до стручен штаб.

Неколку ракометарки кои сакаа да останат анонимни за хрватските медиуми напоменаа дека никој до овој момент ги нема побарано во врска со остварениот успех односно третото место на Европското првенство во Данска.