Домаќинот на Светското првенство, Египет, доживеа пораз од Шведска во последното коло од групната фаза со 23-24 и во главната рунда ќе пренесе само два бода.
Тимот на Роберто Парондо имаше контрола на мечот во првиот дел, но во вториот скандинавците направија пресврт.
„Фараоните“ за поразот ги обвинија норвешките арбитри Јорум и Клевен. Официјално упатија протест до ИХФ, а направија и видео компилација од нивните грешки.
Главната причина на која реагираат кон светската куќа на ракометот е тоа што судиите доаѓаат од родната земја на шведскиот селектор – Норвешка, а според Египќаните тој факт морало да биде земен во предвид пред делегирањето.
Погледнете ги „грешките“ на кои реагира организаторот на СП…