Македоија обезбеди место во главната рунда на Мундијалот во Египет, откако го победи Чиле со 32-29.
Селекторот Данило Брестовац ги пофали играчите од бековската линија за играта во второто полувреме во кое беше направена клучната предност.
„Во вториот дел, ние ја подобривме нашата одбрана и постигнавме неколку лесни погодоци. Бековите беа многу добри, и тоа беше значајно за победата над Чилеанците. Честитки за изданието на моите играчи. Да се игра против Египет и Шведска во претходните два меча беше одлична подготовка за овој дуел. Ги поправивме грешки во одбраната во вториот и тоа не однесе до победата“, вели Брестовац по мечот.
Македонија во главната рунда ќе игра против Русија, Белорусија и Словенија.