Ристовски: Најважно е што победивме, ама не ни „лежат“ идните противници

Македонија го скрши мразот на Мундијалот и забележа триумф во третиот натпревар над Чиле со 32-29.

Тој триумф ни носи билет за главната рунда, а таму не чекаат три силни репрезентации – Русија, Белорусија и Словенија.

Голманот Борко Ристовски вели дека индивидуалните блесоци на дел од играчите биле пресудни за победата и наведува дека не ни лежат новите ривали.

„Индивидуално го добивме натпреварот, иако колективно поотфрливме. Да не беа Лазаров, Пешевски, Митревски и Томовски, се сомневам дека ќе победевме. Сепак, најважно е што победивме и се квалификувавме во следната фаза. Мислам дека не ни оди во прилог што ќе играме со Белорусија, Русија и Словенија. Не ни лежат противниците и се надевам дека нема да доживееме дебакл“, вели Ристовски.

Македонија настапот во главната рунда ќе го започне на 20 јануари, а ќе игра и на 22 и 24 јануари.