Македонија успеа да триумфира против Чиле со 32-29 и ја обезбеди својата позиција во главната рунда на Мундијалот во Египет.
Поранешниот репрезентативец, а сегашен директор во Агенцијата за Млади и Спорт порача на социјалните мрежи дека никогаш не треба да се губи верба во македонските ракометари.
„Никогаш не треба да се губи надежта и вербата, посебно во македонските ракометари, кои како феникс се издигнаа и со победата против Чиле, мајсторски обезбедија место во главната фаза на Светското првенство! Браво момци! Секогаш сте гордост наша!“, напиша Мојсовски.
Македонија ќе игра против Русија, Белорусија и Словенија во главната рунда, која стартува на 20 јануари.