По ремито со Белорусија и триумфот над Словенија, селекцијата на Русија без пораз оди во главната рунда на СП, откако славеше над Јужна Кореја со 26-30.
Селекторот Велимир Петковиќ ја распореди минутажата и сочува дел од играчите за новите предизвици во главната рунда, па затоа азискиот ривал парираше во поголем дел од мечот
Во првото полувреме Корејците дури и водеа, но на пауза се замина со реми, 15-15. Во вториот дел работите си дојдоа на свое место, иако Русија не притискаше премногу, туку одигра колку за победа.
Русите ќе пренесат три бода во главната рунда, а таму ќе се соочат со Македонија, Египет и Шведска.