По поразот на машката репрезентација од Египет, и тоа повеќе од убедлив со 38-19, стандардно македонската јавност се активираше со коментари на социјалните мрежи
„Треба да го избркаат Брестовац уште на полувреме. И Киро да ја води репрезентацијата против Чиле“, се вели во еден твит.
„А да ги пуштиме одбојкарите против Чиле“, се алудира на вечерашниот успех на одбојкарите кои се пласираа на ЕП.
По двата порази од Шведска и од домаќинот, останува уште средбата со Чиле, на која со победа ќе бидеме во главната рунда.