Третиот ден на Светското првенство донесе резултати кои ретко кој ги очекуваше од финалистите на последното Европско првенство.
Шпанија и Хрватска имаа лош старт на шампионатот откако денеска одиграа само нерешено со ривали против кои влегоа како големи фаворити за победа.
Хрватите имаа голема негатива и тешко се изборија за еден поен иако во финишот од натпреварот можеа да дојдат и до победа. Репрезентацијата на Хрватска никако да одигра добар прв натпревар на Мундијалите, па тоа се потврди и денеска против Јапонија на кој беше одиграно нерешено, 29:29.
Шпанците, пак, никако да одигра добро Светско првенство и во силен ритам, а сега уште на почеток тргна лошо. Ремито со Бразил беше доказ дека Шпанија беше далеку од потребното.
Сепак, сè ќе се види најдобро в недела кога се играат натпреварите од 2. коло. Секако утре селекторите Лино Червар и Жорди Рибера ќе имаат главоболки и ќе бараат што да поправат пред новите дуели.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО
ГРУПА А
ГЕРМАНИЈА – УРУГВАЈ 43:14 (ИЗВЕШТАЈ)
УНГАРИЈА – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ 34:27 (ИЗВЕШТАЈ)
ГРУПА Б
ШПАНИЈА – БРАЗИЛ 29:29 (ИЗВЕШТАЈ)
ТУНИС – ПОЛСКА 34:27 (ИЗВЕШТАЈ)
ГРУПА Ц
КАТАР – АНГОЛА 30:25 (ИЗВЕШТАЈ)
ХРВАТСКА – ЈАПОНИЈА 29:29 (ИЗВЕШТАЈ)
ГРУПА Д
АРГЕНТИНА – КОНГО 28:22 (ИЗВЕШТАЈ)
ДАНСКА – БАХРЕИН 34:20 (ИЗВЕШТАЈ)