Морито броеше до 11, Полска славеше над Тунис

Репрезентацијата на Полска со победа го започна Мундијалот во Египет, Полјаците на oтварањето ја совладаа репрезетацијата на Тунис со 30:28. Иако по во првиот дел Тунижаните имаа добро издание на крајот мораа да се помират со пораз.

Почетокот им припадна на Полјаците, поведоа 3:0 но потоа африканскиот претставник ја презема контролата на мечот и го сврте резултатот. Од резултат 5:5  Тунис направи серија од четири последователнии гола и имаше убаво водство пред продолжението.

Ваквата предност на Тунижаните се одржуваше до завршницата на првото полувреме кога Полска со добри минути ја анулираше и стигна до израмнување. По 30 минути игра беше израмнето 17:17, а Полска го имаше последниот напад и за водство по првиот дел.

На почетокот на второто полувреме се играше гол за гол, максимално израмнето. Тунис имаше мал пад во играта што одлично го искоритија Полјаците и после почетното водство, за првпат имаа повисока предност од еден гол. Четирите гола позитива од 26:22 беа доволна залиха до крајот на натпреварот да стигнат до првите бодови. До крајот на дуелот Тунис успеа само да го ублажи поразот.

Во кокнкуренција уште на Бразил и Шпанија, афиканската репрезентација ќе има тешка задача да избори пласман во главната рунда после овој пораз. На овој натпревар правдата ја делеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Најефикасен во составот на Полска беше Аркадиуш Морито со 11 гола, а Крајевски постигна пет погодока. Во репреентацијата на Египет прв стрелец со девет гола беше Санаи, а Дармул постигна шест.

15 јануари 2021
28 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
15 јануари 2021 22:21 ГРУПА Б 2020/2021 15.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТУНИС1728Пораз
ПОЛСКА1730Победа

ТУНИС

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Маџуб Рамзидесно крило01
12Маруан Магаизголман00
15Калед Ај Јусефцентрален бек11
19Мошбах Санаилев бек19
22Мареф Јусефлев бек02
27Исам Рзигдесно крило02
39Мохамед Сусицентрален бек10
55Гасен Тоумилево крило21
66Ислем Џбелипивот00
69Џабала Џихедпивот05
71Мохамед Амине Дармулцентрален бек06
77Скандер Заједлев бек01
92Осама Јазирилев бек00
94Мехди Садри Харбаиголман00
96Анур Бен Абалахдесен бек00
97Ашраф Маргелидесен бек00
 Вкупно 528

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михал Олејничакцентрален бек11
6Пжемислав Крајевскилево крило05
7Патрик Валчакпивот00
9Симон Сичколев бек03
11Мациј Мајжинскидесен бек00
16Пјотр Вишомирскиголман00
19Јан Чуваралево крило00
20Мациј Пилитовскицентрален бек01
23Аркадиуш Моритодесен бек111
26Михал Дашекдесно крило01
28Мациј Гебалапивот14
30Рафал Пжибилскидесен бек23
36Давид Давиџикпивот00
48Томаш Гебалалев бек11
49Пјотр Чрапковскилев бек00
94Адам Моравскиголман00
 Вкупно 630

Officials

Судии:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
ПозЕкипаНПРЛБ.
1СЛОВЕНИЈА32014
2ПОЛСКА31022
3САУДИСКА АРАБИЈА30030