Yuto AGARIE (33), Manuel STRLEK (26) during the IHF World Championship 2021 Egypt, Japan vs Croatia, Borg El Arab Sports Hall, Alexandria, Egypt, 15.01.2021, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Драма, пресврт, изненадување, реми: Хрватите ги поделија бодовите со Јапонија

Првото коло во група Ц од Светското првенство во Египет, го донесе првото изненадување, Хрватска беше надиграна во поголем дел од натпреварот од неверојатната Јапонија, на крај спаси еден бод со конечен резултат 29-29. Хрватите имаа негатива од шест голови, поведоа во финишот на натпреварот, но дисциплинираните Јапонци издржаа ја вратија предноста, а Чупиќ стави точка со гол од пенал на 5 секунди до крај на дуелот за нерешени 29-29.

Јапонците предводени од селекторот Дагур Сигурсон се подготовуваат за Олимписките игри и на првенството во Каиро сакаат да покажат дека ракометот се игра и на далечниот исток. Со одлична подготовка и благодарение на одличниот голман Ивашита јапонските репрезентативци ја шокираа Хрватска на почетокот на првото полувреме, лесно ја пробиваа одбраната на коцкестите, а во 12. минута имаа предност од високи пет голови (2-7). Селекторот Червар се обидуваше да ја пронајде идеалната комбинација на терен. Хрватска дури во финишот на полувремето успеа да ја најде вистинската постава и да ја намали високата предност на азискиот преставник на три голови 14-17.

Кога се чинеше дека Хрватска го фати вистинското темпо, Јапонија се врати на безбедна предност од четири голови по 10 одиграни минути во второто полувреме. Лино Червар во вториот дел играше со Циндриќ, Дувњак и Чупиќ на бековските позиции, комбинација која иако не започна најдобро се покажа како добитна комбинација во нападот. Јапонците ја одржуваа предноста на три голови благодарение на одличниот напад, но кога немаше реализација Дувњак веднаш казнуваше, па Хрватска во 48 минута го израмни резултатот на 23-23.

Во егал завршница каде Јапонија ја имаше контролата над водството двете екипи беа резултатски израмнети до самиот крај. Поведоа Јапонците во последната минута, но Циндриќ успеа да го проигра Мамиќ на линијата од шест метри, а јапонската одбрана направи пенал кој го реализираше Чупиќ за конечни 29-29.

15 јануари 2021
29 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
15 јануари 2021 18:16 ГРУПА Ц 2020/2021 15.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ХРВАТСКА1429Реми
ЈАПОНИЈА1729Реми

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Марино Мариќпивот07
5Домагој Дувњакцентрален бек04
12Иван Пешиќголман0одбрани 8/30
13Златко Хорватдесно крило03
17Јосип Шарацлев бек21
26Мануел Штрлеклево крило02
27Иван Чупиќдесно крило03
28Жељко Мусапивот00
30Марко Мамиќлев бек01
31Лука Шебетиќдесен бек00
33Лука Циндриќцентрален бек04
34Илија Брозовиќпивот11
35Мате Шуњиќголман0одбрани 1/7
39Давид Мандиќлево крило00
51Иван Мартиновиќдесен бек03
53Марин Шипиќпивот00
 Вкупно 329

ЈАПОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
12Ивашита Јутаголман0одбрани 9/31
13Касахара Кенјапивот00
14Китазуме Асумицентрален бек00
18Нарита Кохеилев бек03
19Токуда Шиносукедесен бек00
20Ватанабе Јиндесен бек01
21Дои Реми Анрилево крило11
22Сакаи Мотокиголманодбрани 0/70
25Мотоки Хирокидесно крило04
27Тамакава Хиројашипивот02
31Јошино Тацукилев бек04
33Агарие Јутоцентрален бек05
36Демура Наоцугудесно крило10
38Мизумаки Котароцентрален бек03
40Такано Сотапивот11
41Токуда Реносукедесен бек05
 Вкупно 329

Officials

Судии:
Самир Кричен -Тунис
Самир Маклуф -Тунис

ГРУПА Ц

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
15033006
2532014
3-131022
4-5430030