Репрезентацијата на САД после 20 години одново ќе настапи на Светско првенство, но овој пат работите се поставени далеку попрофесионално и со поголема амбиција од пред две децении.
Колку Американците се имаат загреано за овој шампионат односно за Мундијалот покажува и фактот дека ќе бидат правени директни преноси од натпреварите на шампионатот на спортскиот телевизиски гигант ESPN.
Според информациите ќе бидат емитувани 31 натпревар од шампионатот во Египет, а најавени се два натпревари на ден од главната рунда и одлучувачките средби на турнирот.
Во овие натпревари се вклучени и средбите кои ќе ги одигра селекцијата на САД која се наоѓа во тешка група со три репрезентации од Европа. Американците ќе играат во Групата Е заедно со составите на Норвешка, Австрија и Франција.