СП 2021 Група Д: Бранителот на титулата Данска посакува перфектен старт

Групата Д е составена од репрезентации од четири контитенти, но еден тим е неприкосновен фаворит. Бранителот на титулата Данска ќе се обиде да го одбрани златниот медал после разочарувачкото издание на Европското првенство во 2020 година, додека Аргентина, Бахреин и Конго ќе се борат за другите две места кои водат во следната фаза. Пред две години на домашен терен Данска ја освои својата прва светска титула совладувајќи ја во финалето Норвешка со убедливи 31:22.

Сепак, само една година подоцна без значителни промени во составот Данска не успеа да го мине прелиминарното коло на ЕУРО 2020 што беше големо разочарување. Сигурно е дека притисокот е голем врз Данците, но тие се подготвени и ќе бидат фаворити против сите противници од групата Д. Данска нема да се задоволи со ништо друго освен со три победи во прелиминарната рунда. Бранителот на титулата досега никогаш нема загубено од Аргентина или Бахреин, а дуелот против Конго во второто коло ќе биде нивна прва меѓусебна пресметка.

Данска победи на четири од пет дуели против Аргентина, единствениот дуел кој заврши без победник 24:24 беше на Светското првенство во Катар во 2015 година во групната фаза. Последните два натрпревари беа лесни победи на Данска, на ОИ во Рио 2016 победа од 25:19 и на првенството во Франција во 2017 година, 33:22. Против Бахреин, Данците имаат две победи на два натпревари, тесна победа од 26:24 на квалификацискиот турнир за ОИ во Рио 2016 и победа од 30:26 на првенството во Франција 2017 година.

Со проверени сили и најдобриот играч од претходниот Мундијал, Микел Хансен, Данска има амбиции за најмалку уште еден подиум. Пласманот на второто место во групата Д ќе биде многу важно, па се очекува дуелот помеѓу Аргентина и Бахреин да биде одлучувачки.

Бахреин претрпе смена на селекторската позиција во ноември бидејќи Мајкл Рот беше заменет со исландскиот селектор, Халдор Јохан Сигфусон кој е поранешен предводник на јуниорската репрезентација на Исланд. Сигфусон ќе се обиде да го израмни постигнувањето во меѓусените дуели на Аргентина и Бахреин. Единствениот дуел досега го доби јужноамериканскиот тим на СП во Фрнација во 2017 година со убедлив резултат 36:27.

Аргентина само трипати ја има поминато прелиминарната фаза на светските првенства, во 2001, 2011 и 2015 година. На Мундијалот во Египет ќе имаат добра можност да го повторат овој успех доколку остварат победа барем против Конго. Африканската репрезентација ќе дебитира на светските првенства и ќе се обиде во првиот настап да го освои и првиот бод. Тимот кој обезбеди пласман во Египет со освојување на седмото место на првенството на Африка ќе има тешка задача да се спротивстави на многу поискусните екипи од нив.

Откако добија лекција на ЕУРО 2020, Данците доаѓаат на Мундијалот со амбиции да ја одбранат титулата. Данска секогаш е еден од фаворитите за златен медал, а така е и на ова првенство. Досега Данска има вкупно 23 учества, секако најголем успех и е шампионската титула во 2019 година. Клучни играчи во скандинавскиот состав се    Никлас Ландин (голман), Микел Хансен (лев бек) и Расмус Лауге (среден бек).

ДАНСКА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
2denБенјамин Јакобсенпивот001910116
5denМагнус Браминглево крило09182279
12denЕмил Нилсенголман001951120
22denАндерс Захаријасенпивот110192696
31denНиколај Орис Нилсендесен бек08194698
34denМортен Тофт Олсенцентрален бек04184695
35denНиколај Христенсенцентрален бек, лев бек031962102

Аргентина е втор фаворит во групата со оглед на тоа што има подобар биланс од Бахреин во меѓусебните дуели. Но тоа не мора ништо да значи и ќе треба на терен да обезбедат пласман во следниот круг. За Аргентина ова е 12. учество на Мундијалите, откако настапија првпат во 1997 година континуирано играат на сите првенства досега. Клучни играчи во тимот се Диего Симонет (среден бек) и Федерико Виера (десен бек).

АРГЕНТИНА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
2argФедерико Гастон Фернандезлево крило013191688
3argФедерико Пизародесен бек232183684
4argДиего Симонетцентрален бек114189488
4argСебастијан Симонетцентрален бек012189593
5argПабло Вајнштајндесен бек22184585
7argИгнасио Пизаролево крило16178685
8argПабло Симонетлев бек05185590
9argСантијаго Баретодесно крило013187585
12argАугустин Форлиноголман00192085
15argГонзало Кару Марселпивот121905100
17argМануел Кривелицентрален бек01178183
18argГиљермо Фишерлев бек31200495
19argПедро Мартинез Камицентрален бек39190682
20argРамиро Мартинездесно крило08180684
22argЛукас Москарељопивот5211906103
22argГастон Алберто Мурињопивот151926102
23argЛукас Ајцендесен бек00192091
40argЛионел Карлос Мациелголман01192690
71argСантијаго Канепалев бек11191190
77argНиколас Бонанолев бек12198698
87argХуан Мануел Барголман00190692

Бахреин се стреми да го подобри најдобриот пласман на едно Светско првенство кој го имаше на претходното во 2019 година. Азиската репрезентација досега има учествувано на три Светски првенства додека во 2015 година иако обезбедија пласман го откажаа учеството. Најголем успех им е 20. позиција на последното СП. Клучни играчи во тимот се Хуесин Ал Сајад (среден бек), Мохамед Хабиб (десен бек) и Мохамед Хусеин (голман).

БАХРЕИН

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1bhrХусаин Махфудголман00145075
3bhrАли Еидцентрален бек05175172
7bhrАли Мерзалев бек04180380
8bhrХасан Мерзадесен бек00165075
9bhrХасан Алсамахијилево крило22150370
11bhrАбдула Алилев бек00170178
12bhrИса Калифголман00160065
14bhrКасим Камбердесно крило02150365
15bhrМохамед Абдулрехадесен бек30165380
17bhrАхмед Хусеинцентрален бек00160067
18bhrАхмед Фадулдесно крило27145366
19bhrМохамед Мерзапивот44165375
21bhrМохамед А. Хусеинголман00175385
25bhrКасим Ал Шувајкголман00165380
27bhrБилал Асканидесно крило00165065
29bhrАбдула Ал Заиморлев бек00175065
44bhrСадик Алидесен бек00177075
50bhrМохамед Алмакабидесен бек00155170
51bhrАхмед Алмакабицентрален бек14145170
52bhrХусеин Алилев бек00170080
66bhrКомаил Махфуддесен бек16180375
77bhrЈасим Алсалатналев бек10185291
78bhrАли Салманлев бек02175270
86bhrАли Салехголман00180080
87bhrМунтадер Алиголман00170075
88bhrХасан Алфарданпивот00165275
89bhrМахди Саадлево крило08165368
90bhrМахмуд Мохамедлево крило00145065
92bhrАли Сајед Шуберпивот00175076
93bhrМохамед Ахмеддесен бек018169379
98bhrМохамед Хабибцентрален бек11160165
99bhrХусеин Алсајадцентрален бек212160367

Конго ќе дебитира на Мундијалот во Египет и ракометарите од оваа земја пристигнуваат на првенството со поразлично мото, а тоа е да помогнат на луѓето повеќе да веруваат во своите сонови. На првиот настап Конго ќе бара изненадувања против поискусните тимови и сигурно нема лесно да се предаваат на натпреварите. Клучни играчи во тимот се Орелиен Шитомби и Одри Тузолана.

ДР КОНГО

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1codБерлин Тиетчопголман00185589
2codМара Мукуналево крило00179069
4codКристијан Могапивот18190689
5codДаниел Моришопивот01182281
8codДаниел Матејлев бек02182379
9codЗеферин Буитидесен бек19187691
10codАндре Нгулулев бек26189683
11codАдам Уедраоголев бек415191684
12codЖуниор Хердеироголман00189480
14codФабрис Ебангацентрален бек15180598
15codГотие Мвумбипивот0201925110
16codЖорди Коалиголман00190683
17codЈохан Кијанжебенилево крило126180675
18codБодрик Симокетодесно крило14183682
22codФредерик Борегардлев бек39190696
27codОливие Ботецидесен бек14187587
68codОрелиен Читомбицентрален бек112187485
75codСтивен Корниелдесно крило116178669
83codЖак Кинзонзололево крило12178582
84codОдри Тузоланацентрален бек113186489