СП 2021 Група Ц: Сите се во игра за пласман во главната фаза

Во групата Ц на Светското првенство се очекува голема борба за пласман во главната фаза и сите репрезентации имаат причини да се надеваат на тоа. Хрватска без дилеми е првиот фаворит во оваа група со своите квалитети и искуство, но во ниту еден случај нема да биде лесно како што можеби сите мислат. Останатите три селекции Катар, Ангола и Јапонија се многу мотивирани и ќе ја чекаат својата шанса.

Селекторот Лино Червар може да се покаже како главна предност на Хрватска, првенството во Египет ќе биде осмо светско првенство за 70 годишниот тренер. Червар се согласи да ја води репрезентацијата до завршување на Олимпијaдата под услов неговиот тим да се квалификува. Ова ќе биде 6. Светско првенство на Лино Червар како селектор на Хрватска, а неговото тактичко и ракометно знаење беше клучно во 2003 година кога Хрватска стана светски шампион. Исто така и во 2005 и 2009 година кога „Каубоите“ го освоија сребрениот медал. Червар ја предводеше Хрватска и до златен медал на Олимписките игри, а освои сребрени медали на Европските првенства во 2008, 2010 и 2020 година.

Во репрезентацијата се враќаат Иван Чупиќ и Мануел Штрлек и повторно тимот на Червар изгледа подготвен за највисоки дострели. Пласманот во главната рунда не би требало да биде проблем со оглед на тоа што противниците од групата им се добро познати. Хрватска двапати на претходните првенства ја победи Јапонија, 34:25 во Тунис во 2005 година и 35:27 на првенството во Германија и Данска во 2019. Приказната со Катар е поинаква бидејќи азискиот претставник ја победи Хрватска на Олимписките игри во 2016 година, но сега вицешампионот ќе има шанса да се одмазди на 17 јануари кога се игра нивниот дуел.

Катар е втор фаворит во групата, па би требало да обезбеди главна фаза и покрај тоа што на претходните две светски првенства не ги оправда очекувањата после сребрениот медал на домашното првенство во 2015 година. На првенството во Франција се пласираше на 8. место, додека на Мундијалот во Данска и Германија во 2019 година заврши на 13. позиција. Катар пристигнува со голема самодоверба на првенството знаејќи дека во минатото има триумф против Хрватска и голем успех против Јапонија која ја совладаа на последниот азиски шампионат во 2020 година со 36:28. Катар сè уште ја бара својата прва победа против Ангола, а на минатото Светско првенство африканската репрезентација победи со 24:23 и го елиминираше Катар од Мундијалот. Сепак, Катар е фаворит, играчите веќе имаат доста искуство под водство на Валеро Ривера.

Главниот натпревар на првенството за Ангола и Јапонија ќе биде нивниот меѓусебен дуел кој се игра последен од групната фаза на 19 јануари. Досега ниту една репрезентација од овие две се нема пласирано во втора фаза на едно првенство и најверојатно нивниот дуел ќе биде одлучувачки која репрезентација ќе го оствари најдобриот успех со пласман во главната фаза. Ова ќе биде трето последователно првенство како ќе играат меѓусебе. Јапонија победи на СП 2017 во Франција со 37:26, но Ангола се реваншираше две години подоцна кога во меч за 23. место победи со 32:29. Притисокот сигурно ќе биде врз Јапонија која очекува подобри изданија во пресрет на Олимписките игри летово на кои се домаќини и на кои имаат обезбедено учество како организатори.

Хрватска секогаш на сите големи натпреварувања е кандидат за висок пласман. Досега Хрватите имаат 13 учества на Мундијалите и тоа речиси на сите со одличен успех. Светски шампиони станаа во 2003 година, а имаат и три сребрени медали и еден бронзен медал. Исто така еднаш беа четвртти и по двапати завршуваа на 5. и 6. позиција. Клучни играчи во тимот се незаменливиот Домагој Дувњак и Лука Циндриќ кои се очекува да ја водат репрезентацијата до нов успех.

ХРВАТСКА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
1croМарин Шегоголман019801004
13croЗлатко Хорватдесно крило1179 cm1787 kg6
13croЈосип Шарацлев бек520121035
18croИгор Карачиќцентрален бек01986873
26croМануел Штрлеклево крило118211866
28croЈанко Кевиќцентрален бек01881883
31croЛука Шебетиќдесен бек019861056
34croИлија Брозовиќпивот219631155

Ангола на ова светско првенство ќе настапи со поголеми амбиции и јасна цел да се подобри пласманот од претходните две првенства кога завршија на 23. и 24. место. Ангола скоро два месеци е на подготовки за Мундијалот и ова ќе биде нивно петто учество. Најдобар пласман забележаа на првиот настап во 2005 година кога завршија на 20. позиција. Пласман во Египет африканската репрезентција обезбеди со освојување на 4. место на континенталното првенство во 2020 година. Клучни играчи во тимот се Џовани Маучисенге (голман) и Роме Хебо (среден бек).

АНГОЛА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
2angАгнело Китонгопивот11880872
3angЈарослав Агиларпивот41909926
4angГабриел Текапивот119213896
5angРоме Хебоцентрален бек119214876
7angКлаудио Лопесцентрален бек117713706
8angОтиниел Паскваллево крило017213656
9angАдилсон Манекодесно крило217411756
10angМануел Насиментоцентрален бек318314726
11angАгостињо Лопесдесно крило01766724
12angАриел Да Силваголман01820900
13angМарио Татилев бек01909856
14angКлаудио Чиколалево крило219011766
15angМајомона Панзодесно крило21783826
16angЏовани Муачисенгеголман01880896
17angЕдгар Абреудесен бек11881934
18angМануел Домингосдесен бек01850750
19angРубен Хозелев бек01870810
20angКустодио Гоувеиаголман019101056
21angАделино Пестанадесен бек11878822
22angАнтонио Елиасдесен бек417710866
33angФелиз Самасолопивот018901090
79angЕдвалдо Фереиралев бек520024896
99angДеклерк Сиболев бек01920870
113angФелисијано Кувеиродесен бек01920870

Јапонија е уште една селекција која на првенството во Египет очекува подобрување на пласманот од претходното. Под водство на Исланѓанецот, Дагур Сигурдсон сигурно Јапонците напредуваат, но треба тоа да го докажат и на терен. Ова ќе биде 15. нивни настап на Мундијалите кој го обезбедија со освојување на третото место на азиското првенство. Најдобар успех им е 10. место во далечната 1970 година. Клучни играчи во тимот се Реми Анри Дои (лево крило) и Јуто Агари (среден бек).

ЈАПОНИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
2jpnМацура Кеисукедесен бек01820850
3jpnШибајама Јукихиродесно крило01770790
5jpnСакаи Шоичиропивот018801050
6jpnИнаге Рјутодесен бек01820940
10jpnСугиока Наокилево крило01772811
12jpnИвашита Јутаголман01830855
13jpnКасахара Кенјапивот319741096
14jpnКитазуме Асумицентрален бек01840866
15jpnБаиг Адам Јукилев бек01940940
16jpnКаи Акихитоголман01840970
17jpnЈошида Јукилево крило01860840
18jpnНарита Кохеилев бек21998996
19jpnТокуда Шиносукедесен бек01783805
20jpnВатанабе Јиндесен бек018321936
21jpnДои Реми Анрилево крило118015805
22jpnСакаи Мотокиголман01920894
23jpnХашимото Акиопивот018501030
24jpnШида Хирокицентрален бек01900900
25jpnМотоки Хирокидесно крило018221885
26jpnКубо Јукиголман01860830
27jpnТамакава Хиројашипивот020041066
28jpnКавашима Јутаролев бек01830820
29jpnОкамото Рјусеипивот019201000
31jpnЈошино Тацукилев бек118331886
33jpnАгарие Јутоцентрален бек118326856
36jpnДемура Наоцугудесно крило11782783
38jpnМизумаки Котароцентрален бек218310906
39jpnНакамура Такумиголман01900863
40jpnТакано Сотапивот51931976
41jpnТокуда Реносукедесен бек018010826
42jpnОзава Мотокилев бек01870870
43jpnЈошида Шуичипивот0191101005
47jpnТакамори Шотадесно крило01790790
48jpnЈамада Шинјапивот01900970
49jpnКошио Гокилево крило01830800

Катар со многу натурализирани репрезентацивци секогаш е опасен противник, а тоа е особено нагласено бидејќи на клупата е многу квалитетниот Валеро Ривера. Најголем успех на репрезентацијата на Катар е 2. место во 2015 година од вкупно седум учества досега. Клучен играч во тимот е ветеранот на голот, Даниел Шариќ.

КАТАР

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиТежинаНатпревари
1qatАли Гарбаголман01830910
1qatМухамед Сусиголман01840801
2qatМустафа Алкраддесен бек11831976
4qatХасан Мабрукпивот319401295
7qatАхмад Мададилево крило017525766
9qatРафаел Капотелев бек1200151092
10qatФранкис Марцодесен бек419153996
12qatДаниел Шариќголман01910905
13qatМохамед Абидиголман019001016
17qatШади Хамдунцентрален бек01830920
18qatФирас Хајебпивот019401050
19qatМарван Сасидесно крило21838826
20qatЈово Дамјановиќпивот019901184
21qatМутасем Амохамедлево крило01850830
22qatАхмед Абделрхемголман01910920
23qatАлаедин Берахеддесно крило318616836
24qatВајди Синенцентрален бек019301040
25qatКамал Ал Дин Малашцентрален бек01850920
27qatНидхал Аисадесно крило01880830
31qatЕлдар Мемишевиќдесен бек01780860
32qatАли Алдерилево крило01860782
33qatХусем Романцентрален бек01853865
35qatЗинеон Буменџелдесен бек01930980
37qatЈасине Самипивот2191101006
38qatХамад Мададипивот01800840
41qatЈусеф Алипивот1193111034
44qatАмине Гуехисдесен бек01030964
66qatОмар Абделфатахдесно крило01780863
76qatМирза Капиќдесно крило01740870
81qatАмор Џијаблево крило01752806
86qatМахмуд Хасабалацентрален бек11918826
88qatМустафа Хејбацентрален бек01840880
92qatАнис Зоауидесен бек01840810
93qatХамди Аједлево крило01880830
94qatАмен Закардесен бек5198101046