СП 2021 Група А: Европските моќници против дебитантите на СП

Групата А на 27. Светско првенство во Египет 2021 година е составена од репрезентации од три континенти, а тука се и двете дебитантски репрезентации од вкупно три на првенството Уругвај и Капе Верде (Зеленорските острови). Во групата А уште се и трикратниот светски првак Германија и двократниот финалист Унгарија.

Уругвај и Капе Верде за првпат се на светско првенство и до сега немаат меѓусебни дуели ниту дуели со европски репрезентации со оглед на тоа што се од различни континенти.  Уругвај се пласираше како третопласирана репрезентација на шампионатот на Јужна и Централна Америка, додека Капе Верде го обезбеди својот билет за Мундијалот како петопласирана селекција на афричкото првенство во 2020 година.

Натпреварите во групата А започнуваат на 15. јануари и веднаш ќе добиеме слика како дебитантите ќе се справат со фаворизираните европски репрезентации. Сите кои следат ракомет во изминатите години знаат дека Германија е една од најдобрите репрезентации за гледање и е еден од главните фаворити за титулат во Египет и покрај бројните откажувања на играчи. Германија е европски шампион од 2016 година, а потоа следеше освојување на бронзен медал на Олимписките игри 2016. Германија на претходното Светско првенство во 2019 година го освои четвртото место, а на последното големо натпреварување во 2020 година на ЕП го освија петото место.

Помалку забележителен е подемот на Унгарија, но секој кој го следеше Европското првенство во 2020 година ќе знае колку Унгарците се опасни. Со просечна возраст под 25 години селекцијата на Унгарија беше најмлада на последното ЕП. Унгарија ги победи Русија и Исланд, додека со подоцна освојувачот на СП, Данска одигра нерешено. Унгарците со овие резултати беа многу блиску да обезбедат полуфинале, но на крајот завршија само да деветото место на првенсвото.

После ЕП 2020, единствените официјални натпревари што се играа во Европа се квалификациските дуели за следното ЕП на кое домаќин е Унгарија. Унгарците се директно квалификувани како домаќини и играат во Евро Купот. Започнаа со победа против Шпанија и тесен пораз од Хратска. Овие резултати покажуваат дека младата селекција на Унгарија мора сериозно да се сфати.

На хартија главни фаворити и битката за првото место ќе ја водат Германија и Унгарија, додека Уругвај и Капе Верде ќе се борат за третото место кое води следната фаза. На првите натпревари од групата А ќе се сретнат Германија и Уругвај, а потоа и Капе Верде со Унгарија. Во второто коло Капе Верде ќе игра со против Германија, додека Унгарија и Уругвај ќе ги одмерат силите. Третото коло се очекува да биде одлучувачко за првото место каде што ќе решаваат Унгрија и Германија и за трето место ќе се игра дуелот помеѓу Уругвај и Капе Верде.

Од оваа група единствени репрезентации кои досега имаат меѓусебни дуели на официјални натправери се Германија и Унгарија. На вкупно 60 натпревари Германија триумфирала на 33 меча, додека Унгарија победила 16 пати, а 11 натпревари завршиле нерешено. Последната победа Унгарија против Германија ја има на пријателсики натпревар во 2012 година, а оттогаш Германија победи на четири меѓуебни дуели од кои последен беше на Светското првенство во 2017 година.

До сега на светските првенства Германија има вкупно 25 учества со освоени три шампионски титули во 1938, 1978 под името Западна Германија и во 2007 година. И покрај откажувањата на неколку ракометари сепак Германците имаат силен тим и многу квалитетни индивидуалци. Меѓу нив се голманот Андреас Вулф, Уве Генсхајмер и Тимо Кастенинг. Германците се први фаворити во групата А и ќе се обидат да стигнат чекор подалеку од минатото светско првенство кога завршија на четвртата позиција.

ГЕРМАНИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
3gerУве Генсхајмерлево крило114188590
6gerФин Лемкелев бек002100115
8gerТим Зутонцентрален бек00191090
9gerТобијас Рајхмандесно крило03188184
12gerСилвио Хајнефетерголман00194399
15gerЈури Кнорцентрален бек15190494
15gerКристијан Дисингерлев бек002020102
19gerМариуш Штајнаузердесно крило00187085
21gerДарио Квенштетголман00193098
22gerМаријан Михалчикцентрален бек021993100
24gerПатрик Грецкидесно крило01189484
27gerАнтонио Мецнердесен бек002071105
32gerФранц Земпердесен бек00190092
38gerФабијан Бемлев бек44198597
42gerМориц Пројспивот00194195
61gerХендрик Пекелерпивот002030101
77gerДавид Шмитдесен бек19190592
80gerЈаник Колбахерпивот001930105
93gerПатрик Цикерлево крило00186086

Унгарија во минатото има 21 учества на светските првенства од кои најголемиот успех го има забележано на првенството во 1986 година кога го освоија сребрениот медал. Во репрезентацијата на Унгарија има многу врвни ракометари, а како главни предводници се сметаат голманот Роланд Миклер, организаторот на играта Мате Лекаи и пикерот Бенце Банхиди. Унгарија обезбеди пласман на СП како деветопласирана репрезентација на ЕП 2020 бидејќи баражите подоцна беа откажани заради коронавирусот.

УНГАРИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
4hunХуба Вајдапивот001930112
7hunБендегуз Бокалево крило16193585
8hunПетер Ковачичлев бек00188070
21hunЗоран Илиќдесен бек00197086
26hunАријан Андоголман00189083
28hunМартон Варгалев бек00188082
31hunБенце Шучпивот002060134
34hunМарсел Габорлев бек00197095
35hunАндраш Кончлев бек00188088
45hunДавид Уборњакцентрален бек00184084
55hunЧаба Лајметердесен бек001950101

Уругвај за првпат ќе настапи на едно Светско првенство и ова ќе биде вистински историски момент за оваа репрезентација. Тие се пласираа со освојување на третото место на шампионатото на Јужна и Центална Америка. Главни играчи во тимот се Максимо Канцио (бек), Габриел Чапаро (пикер), Алехандро Веласко (лево крило), Николас Фабра (десно крило) и Фелипе Гонзалез (голман).

УРУГВАЈ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1uruЛуис Фелипе Наваретеголман00189390
2uruГабриел Чапаропивот461935110
4uruФакундо Листонпивот08193595
9uruНиколас Фабрацентрален бек111864105
10uruГабриел Спангенбергдесен бек11183495
11uruДиего Фалабрино Мединацентрален бек00178374
12uruАндрес Виераголман01184283
13uruМаксимо Естебан Кансиодесен бек217190595
15uruБруно Мендезпивот031904120
16uruФелипе Гонзалесголман01177576
17uruДиего Морандеирадесен бек012186584
19uruРодриго Ботехарацентрален бек06173570
20uruФедерико Руболево крило16183590
22uruСебастијан Весинолев бек041953105
24uruАлехандро Веласколев бек04183498
26uruМатијас Ечеверилево крило00180280
34uruХеронимо Гојоагадесно крило18177478
36uruКристијан Ростањо Риослево крило06178580
40uruМаксимилијано Де Агреладесен бек04183383
74uruГиљермо Милан Флореслево крило00174386

И за репрезентацијата на Капе Верде настапот на Светското првенство ќе биде најголемиот ракометен усепех на земјата. Тие обезбедија пласман на првенството со освојување на петото место на африканскиото првенство и за првпат ќе имаат можност да се спротивстават на моќните европски репрезентации. Клучни играчи во тимот се Делсио Пино (бек), Леандро Семедо (бек), Иво Сантос (бек), Елисио Фернандез (голман), Едмилсон Араухо (лев бек).

ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеГоловиВисинаНатпревариТежина
1cpvЛуис Алмеидаголман00184190
2cpvЖил Баијано Дос Сантосцентрален бек00188180
3cpvДелкио Пиналев бек02198198
4cpvИво Сантоспивот002000100
5cpvЕдмилсон Араухолев бек02187193
6cpvЛеонардо Семедолев бек061941105
7cpvФлавио Фортесдесно крило00194088
8cpvРуи Лопезлев бек00187076
9cpvЕдмилсон Рибеиродесен бек00188082
10cpvБруно Ландимдесен бек00193095
11cpvФернандо Диаслев бек00192088
12cpvЕлчио Фернандесголман001961105
13cpvПауло Моренопивот031971100
14cpvПауло Андрадедесен бек00182075
15cpvАлександре Переиралево крило22186180
16cpvЖошимар Таварешголман00175070
17cpvРафаел Андрадедесен бек00196094
18cpvЏуниор Соаресголман00175077
19cpvАдмилсон Есталини Фуртадодесно крило15177178
23cpvГилсон Кореиалево крило00175072
25cpvЛеонардо Мартинслев бек00188085
29cpvФелисберто Ландимпивот021971119
30cpvЕледи Семедоцентрален бек00187093
31cpvАлексис Мирандалев бек00186078
32cpvЕдилсон Мораислево крило00188084
33cpvАндерсон Рочалев бек00189078
44cpvГуалтер Фуртадоцентрален бек15185194
45cpvВилсон Пинтодесен бек00189090
55cpvЕриксон Дуартецентрален бек00187088
66cpvФред Вилсон Дос Сантослев бек00187080
108cpvКлеивис Бритодесно крило00188078