Францускиот Нант гостуваше кај Мотор Запорожје во Лигата на шампионите, а тимот на Кире Лазаров беше поразен со 29-27.
Капитенот на македонската репрезентација својот пат во елитното натпреварување го започна уште во далечната 1995 година во дресот на Борец Велес.
Таму играше и 54-годишниот украински интернационалец Јуриј Салогуб, кој дојде во Запорожје и ја искористи средбата меѓу Мотор и Нант да се сретне со неговиот некогашен цимер од Борец.
Двајцата евоцираа спомени од настапите со некогашниот првак на Македонија во ЛШ, а на социјалните мрежи позираа со навивачки шал.
„Се сретнав со мојот македонски пријател Кирил Лазаров. Игравме заедно во Борец од Велес во 1995 година против Бидасоа“, напиша Салогуб.