Дуелот помеѓу репрезентациите кои беа без бодови во главната рунда од групата 2, Романија и Унгарија беше интересен и до крај неизвесен, сепак Унгарките подобро се снајдоа во финишот и победија со 26:24.
Почетокот им припадна на Унгарките, поведоа со 3:1, а во 11 минута беше 7:4. Ваквата предност се одржуваше сè до 21. минута кога започна серијата од 4:0 на Романија со која го преземаа водството.
Романките успеаја да ја задржат предноста до крајот на првиот дел и на одмор заминаа со 14:13. Продолжението донесе израмнета игра со менувње на водството, но ниту една селекција немаше повисока позитива од два гола.
Во последните седум минути репрезентациите влегоа со израмнети 22:22, но следуваше одлучувачката серија од 3:0 на Унгарија со головите на Шатцл и Лакатош за конечна победа на Унгарките.
Најефикасна во составот на Унгарија беше Надин Шатцл со седум гола, а Рита Лакатош постигна пет. Во репрезентацијата на Романија, Лорена Остасе неше најпрецизна со осум гола, а втор стрелец беше Кристина Неагу со пет погодоци.