Репрезентациите на Данска и Франција во рамки на групата А се бореа за прво место и продолжување во главната фаза со максимални четири бода, додека Холандија мораше да победи против Унгарија за да остане на првенството.
Слабата игра на светскиот шампион на оваа првенство продлжи и во третото коло, почетните минути беа израмнети сè до резултат 7:7. Следуваше серија 3:0 на Унгарија за прво повисоко водство. Унгарките успеаја да се одржат во предност до крај на полувремето кога имаа 15:13.
Холандија и вториот дел го започна како што играше во поголемиот дел, постојано во негатива и бркање резултат. После негативата од 14:17 и 17:19 конечно Холанѓанките успеаја да стигнат до израмнување во 41. минута со голот на Малештајн.
Од тој момент Холандија влезе во подобар ритам и го презема водството, но Унгарија не дозволуваше да се одлепат. До 51. минута се играше гол за гол, следуваше серија 4:1 на Холандија за водство од 26:23 што беше доволно за конечна победа која значи пласман во главната фаза на Холанѓанките.
Најефикасни во репрезентацијата на Холандија беа Дулфер со осум погодоци и Малештајн со пет гола. Тес Вестер на голот собра девет успешни интервенции. Во составот на Унгарија најпрецизни беа Ковачич ии Хафра со по четири погодоци.
Репрезентацијата на Франција беше подобра од домаќинот Данска со 23:20 и во главната рунда ќе пренесе максимални четири бода. Во првиот дел се играше сосема израмнето и неизвесно, ниту една екипа немаше повисока предност од еден гола, а така беше и на полувреме кога Франција водеше 12:11.
Во продолжението Французинките рано се одлепија на три позитива која без проблеми ја задржаа до крајот за конеччна победа. Најефикасни во составот на Франција беа Заади и Канор со по пет гола. Во составот на Данска по четири гола постигнаа Јоргенсен, Битруп и Хансен.