По Никола Кеџо и Стеван Вујовиќ, уште еден поранешен ракометар на Металург се пресели во катарскиот Ал Рајан.
Станува збор за Црногорецот со катарски пасош, Жарко Марковиќ, кој би требало заедно со Владислав Остроушко да бидат главни стрелци во тимот предводен од Звонко Шундовски.
Марковиќ беше еден од најдобрите стрелци на Металург во Лигата на шампионите во сезоната 2011/12, а потоа играше во Бундес лигата во Гепинген и Хамбург.
Три сезони беше член на Ел Џаиш, пред да се врати на кратко во Европа во дресот на Загреб. Последните неколку години ги мина во Катар играјќи за Ал Духаил, Ал Вакра, Ал Гарафа и Ал Шамал.