Главниот натпревар за денеска во кој учествува шампионот на Македонија почнува од 20:45 часот. Вардар гостува кај составот на Келце во дуелот од 8. коло од Групата А во Лигата на шампионите.
Ова треба да биде шанса за реванш за „црвено-црните“, но ќе биде дефинитивно тешка средба на која вардарци ќе треба добро да се испотат за да дојдат до позитивен епилог.
Келце влегува како фаворит на овој дуел и на ракометарите на Вардар е да се обидат да дојдат до позитивен резултат.
Во секој случај се очекува интересна средба, а истата вообичаено оди во пренос на Македонската телевизија.
ЛИНК 3 (Линкот работи само со поддршка на екстензијата HOLA и не работи преку мобилен телефон. За сите оние кои се надвор од границите на Македонија, линкот е отворен доколку ниту еден национален бродкастер не ги откупил правата за ЛШ)