Строги протоколи на ЕП во Данска – кој нема да ги почитува ќе биде исфрлен

Откако долго време беше неизвесно дали и каде ќе се игра Европското првенство, ЕХФ конечно објави дека тоа ќе се одржи само во Данска во градовите Хернинг и Колдинг за што дозвола даде Владата на земјата.

За одржување на првенството мора да се спроведат најстроги протоколи кои сите треба да ги почитуваат, ќе има многу често тестирање и секој кој ќе ги прекрши правилата ќе биде исфрлен од натпреварувањето. Правилате се следните:

Пред да пристигнат во Данска сите учесници треба да имаат негативен тест, сите  ќе се тестираат секој ден во првата фаза, а потоа на 72 часа додека не ја напуштат Данска.

Делегациите (играчи, стручен штаб и официјални лица) немаат физички контакт со медиумите, челеновите на семејството или навивачите за време на траењето на првенството бидејќи не смеат да го напуштат хотелот во ниту еден момент, ниту некој ќе може да влезе во хотелот освен делегациите. Доколку некој го прекрши ова правило ќе мора веднаш да го напушти турнирот.

Од хотелот ракометарките одат директно во автобус и на терен без користење на соблекувални и пото веднаш се враќаат во хотелот.

Доколку некоја ракометарка има позитивен тест ќе биде изолирана, а останатите членови на репрезентацијата ќе можат да играат натпервари. Доколку некоја репрезентација има толку многу позитивни ракометарки за да не може да одигра натпревар во тој случај го завршува учеството на првенството.

Во салите во Хернинг и Колдинг ќе има најмногу по 500 луѓе од нив многу малку ќе бидат навивачи бидејќи дел од трибините ќе ги потполнат делегации, службени лица, медиуми, волонтери и спонзори.

Првенството ќе се игра во периодото од 3 до 20 декември.