Европскиот првак Вардар го чека гостување кај полскиот Келце, кој славеше во минатото коло среде Скопје во Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите поединци кај гостите, покрај Душебаев и Вулф, беше пикерот Артем Каралек. Тој вели дека против Стоилов е многу тешко да се игра.
„Ние мораме да го подобриме нашиот контранапад. Ако ги користиме сите контранапади во последните мечеви сигурно ќе победувавме со три-четири голови повеќе. Но тоа сега е минато, не чека нов дуел со Вардар, кој има одлични пикери. Стоилов го прикажува својот најдобар ракомет и тој е главната опасност за нашиот тим. Тој е посебно добар во напад и против него е тешко да се игра. Сепак тешко е и за него да се враќа назад во одбрана, па мора да прави измена. Ние мораме да го искористиме ова во нашите контранапади“, вели Каралек.
Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра утревечер во салата „Легионово“ со почеток во 20:45 часот.