Вардар за првпат сезонава дел од „МЕЧОТ НА НЕДЕЛАТА“

Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот од 8. коло во Лигата на шампионите и гостувањето кај полскиот Келце.

Овој натпревар од ЕХФ е избран за „меч на неделата“, а „црвено-црните“ за првпат оваа сезона ќе имаат привилегија да бидат дел од натпревар на кој медиа тимот на европската куќа на ракометот му посветува поголемо внимание од останатите.

Според ситуацијата на табелата и традицијата што Вардар ја има против овој ривал на гостувањата, Келце е чист фаворит, но традиција постои за да се руши.

Голманите на Вардар сигурно нема вторпат во две недели да имаат просечна вечер, а и бековската линија по критиките што ги доби веројатно ќе биде на ниво повисоко од тоа во Скопје.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра в среда со почеток во 20:45 часот во салата „Легионов“.