Се вратија од минус пет за СЕНЗАЦИЈА: Стружанка со цел плен во Автокоманда!

Тимот на Стружанка направи големо изненадување и се враќа со победа од Автокоманда, откако го совлада Металург со 21-22 со голем пресврт во финишот.

Металург поведе со 6-2, но гостинсите ракометарки се вратија на 6-6 и најавија дека нема така лесно да се откажат од бодови. По играта гол за гол до 9-9, избраничките на Јулијана Дамчевска стигнаа до 12-9, а на пауза имаа плус два, 13-11.

Во вториот дел, Металург имаше плус пет, 20-15 на петнаесетина минути до крајот. Но оттогаш постигнаа само еден гол!

Стружанка ги казнуваше грешките на домаќинките преку Затуроска и Јоноска и направи голем пресврт. На две минути до крајот беше 20-21.

Милица Николиќ ја прекина гостинската серија и израмни на 21-21. Сепак за бодовите да патуваат во Струга се погрижи Теодора Дукоска која го даде победничкиот гол. Има и двете екипи уште по еден напад, но не ги искористија и победата остана за Стружанка, 21-22.

Од шест седмерци на овој дуел (четири за Металург, два за Стружанка), беше искористен само еден.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јоноска со осум и Дукоска со шест погодоци, додека во домашниот состав се истакна Тасевска со шест и Петковска со пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АСТИБО00000
2МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ00000
3СКОПЈЕ00000
4СТРУЖАНКА00000
5ЧАИР00000