Во натпреварот кој се очекуваше да биде лесна задача за ракометарите на Пролет во трката за бодови во Групата А и да нема поголем проблем за да се дојде до триумф, составот на КЛ 7 успеа да најде начин како да го совлада својот противнк и на крајот имаше резултат од 32:30.
Средбата имаше интересен тек во кој во првите 30 минути се играше доста возбудливо и тензично на резултатски план. Двее екипи долго се надигруваа и се менуваа во водство, но никој не успеа да се избори за поголема предност од еден или два гола.
Таквата игра допринесе на одмор резултатот да биде нерешен, 14:14 и ова да најави интересно продолжение од средбата.
Некаде на средина од второто полувреме ракометарите на КЛ 7 почнаа да ја преземаат контролата. Успеаја да се изборат за предност од три гола, 25:22 и се покажа дека оваа предност е клучна за да се добие овој натпревар.
Нешто подоцна беа создадени и највисоките 28:24, па на тимот на Пролет не му остана друго освен да се обиде да се врати во натпреварот, но одеше тешко. Најмногу што беше направено беше негатива од еден гол, 30:29, но имаше грешки, па тоа влијаеше до крајот од средбата да се обезбеди нешто повеќе.
Младите ракометари од КЛ 7 успеаја да зададат силен удар и на крајот да слават три бода на овој дуел против фаворитот Пролет 62. Овие бодови значат многу, а КЛ 7 останува во трка за висок пласман.
Кај ракометарите на Пролет очигледно паузата оставила трага и тоа влијаеше на играта на овој дуел.