Екипата на Металург иако денеска настапи без странците во својот состав дојде до победа против тимот на Работнички во заостанатиот натпревар од Групата Б. Металург славеше со 26:22 така што се избори за нови бодови.
Од стартот на средбата се виде дека за Металург нема да има поголеми проблеми на овој дуел и дека ќе може да се освојат бодови иако најискусните денеска на беа во тимот.
Натпреварот почна со 4:0 и овие четири погодоци значеа многу за во продолжението од првото полувреме. Лесно се казнуваа грешките на противникот играјќи редовно со акции кои беа финиширани со погодоци многу често и во празниот гол.
Таквата игра донесе до плус седум на крајот од првото полувреме. Металург имаше 15:8 и веќе го имаше решено победникот на оваа средба така што беше само прашање со кој резултат ќе биде обезбедена победата.
Во вториот дел од средбата можеше да се одигра мирно и да се дојде до победата. Работнички успеа да намали и да се избори за помала негатива во текот на целото второ полувреме, но тоа не беше такво намалување за да се загрози победата.
Металург ги држеше гостите на 4-5 гола разлика за на крајот од натпреварот да се дојде до 26:22 со што Металург дојде до нова победа и овој триумф ќе биде од големо значење за в недела кога се гостува кај составот на Бутел Скопје.