Фантастична партија на Серафимова, дебитираше со триумф во Израел

Македонската голманка Матеја Серафимова имаше фантастично деби за новиот клуб во Израел.

Серафимова беше клучот на победата на нејзиниот Макаби Рамат Ган на гостувањето кај Херцлија со 27-30.

Нашата репрезентативка успеа да одбрани 19 удари на ривалот и му помогна на Макаби Рамат Ган да дојде до стартен триумф.

Формата на Серафимова може да го радува и селекторот Симе Симовски пред квалифиакцискиот турнир за пласман во баражот за Светското првенство.