Женската сениорска репрезентација ја очекува настапот на квалификацискиот турнир за пласман во баражот за Светското рвенство во Шпанија во 2021 година.
Ждрепката им ги додели Исланд, Литванија и Грција на избраничките на Симе Симовски, а најдобрите две од групата продолжуваат во баражот.
Распоредот е веќе познат. Во првиот натпревар, Македонија ќе игра со Исланд, во вториот со Литванија, а на крај со јужниот сосед.
Турнирот ќе се игра во Скопје, најверојатно во СЦ „Борис Трајковски“, во викендот од 4 до 6 декември.
Селекторот Симе Симовски наскоро би требало да го објави списокот на ракометарки што ќе настапат на овој турнир.
Распоред на натпревари:
4 декември, 17:45 часот, Македонија – Исланд
5 декември, 17:45 часот, Македонија – Литванија
6 декември, 17:45 часот, Македонија – Грција