Македонија славеше над Швајцарија во Шафхаузен со 25-23 во второто коло од квалификациите за ЕП и се најде на чекор до нов пласман.
Иако имаше и голем пад во вториот дел, сепак нашата селекција во последните петнаесетина минути се врати во мечот во голем стил и заслужено стигна до бодовите.
По натпреварот, репрезентативците заслужија да испијат по едно пиво и да ја прослават победата.
Дел од нив утре се враќаат во Скопје, а дел од нив директно ќе продолжат во своите клубови.